Џамбазов сподели семејна фотографија, коментарот под неа ги „сруши“ социјалните мрежи – еве што напиша за стариот Џамбаз
Игор Џамбазов е горд на својот татко
Познатиот македонски актер, писател и шоумен Игор Џамбазов нема некој што не го познава во Македонија.
Тој е еден од најпознатите и најомилените ликови во нашата земја, а потекнува од популарно семејство.
Неговиот татко, маестро Александар Џамбазов долги години беше во брак со актерката Анче Џамбазова по чии стапки тргна и Игор.
Игор остана без својата мајка во 1997 година, а неговиот татко во една пригода откри колку му било тешко по заминувањето на сопругата. Тој тогаш отворено зборуваше во тие моменти му иделе и самоубиствени мисли, но единственото нешто што го одржи во животот се неговите деца.
Инаку, Игор на социјалните мрежи често објавува фотографии од семејството, а овој пат покажа слика со татко му.
Неговиот татко во последно време многу ретко излегува од дома и не се појавува во јавноста, па затоа и заедничката фотографија што ја објави Игор и посебно коментарот што го остави под неа ги воодушеви сите.
Во описот на фотографијата пишува:
„1981 бев во војска. У Београду. Кога прв пат ми кажаа дека ми дошла посета “из Македоније”, прашав “кој”? А дежурниот на капијата ми рече: “Како ко, па дошо ти брат.” Бидејќи од сигурни извори знаев дека имам сестра, а не брат, бев сигурен дека е некоја грешка. И кога конечно стигнав до капијата, го видов татко ми Џамбаз“.
„Во фармерки, тексас јакна и очила “ленонки”. А дежурниот ми вика: “Брат ти је закон. А како личите, је.о вас пас”. И денес сфаќам да је био у праву…“
„Photo by @stefan.rajhl“
„П.С. Пас нас још није је.о, ама ние се повеќе си личиме…,“ пишува Џамбазов под заедничката фотографија со неговиот татко Џамбаз.
Последната заедничка фотографија
Џамбазов и пред некое време привлече внимание со една семејна фотографија со која никого не остави рамнодушен.
Во прашање е фотографија од 1993 година на која е со мајка му, татко му, но и со неговите баба и дедо.
„Последната заедничка фотографија…1993…тато, мама, баба и дедо 5-ре…,“ напиша Игор во описот.
Погледнете ја и следната фотографија што Џамбазов ја објави неодамна, а под која напиша:
„Само што сум дошол на овој свет, со мама од болница сме се вратиле дома, а тато не можел да ми се изнарадува. Поминале точно 11 дена…и тогаш, земјата се отворила, како да сакала да не проголта. Земјотресот и јас сме врсници…“
Погледнете и неколку стари фотографии од мајка му на Игор, Анче Џамбазова.
А еве и како изгледал Игор во младоста…
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов