Реклама
Наши ѕвезди

Џамбазов со тажна порака за неговиот татко од која на многумина им се насолзија очите

Реклама

Игор Џамбазов се потсети на својот татко и испеа песна со која расплака многумина.

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

Маестро Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во селото Стапар, Војводина. Тој е еден од најпознатите македонски композитори и диригенти.

Работниот век го минува во Македонската радио-телевизија, најнапред како соработник во музичките редакции (1960-1964), а потоа како диригент на Танцовиот оркестар, на чиешто место останува сè до крајот на неговиот работен век.

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

Основоположник е и на најпознатиот фестивал на детска песна во Македонија – „Златно славејче“.

Маркетинг

Во својата кариера има добиено многубројни признанија, меѓу кои се и највисоките државни („11 Октомври“ за животно дело, „13 Ноември“ и др.) и стручни награди.

Творештвото на Александар Џамбазов главно припаѓа на популарните жанрови.

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

Повеќе од 40 години неговите композиции беа неодминлив дел на најпознатите македонски фестивали и фестивалите во поранешна Југославија.

Маркетинг

Некои од неговите песни со задоволство се слушаат и ден денес.

Маестро Џамбазов беше долги години во брак со актерката Анче Џамбазова, ќерка на актерот Петре Прличко, која пooчина во 1997 година.

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

Плод на нивната љубов се нивните деца Игор и Тања Џамбазови.

Познатиот диригент во едно свое интервју кажа дека неговиот живот без Анче наликувал на трагикомедија.

За него таа била единствена и најголема љубов.

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

После неа веќе никогаш не се ожени, ниту во јавност се појави со друга жена.

Кога ја загубил неа понекогаш дури помислувал и на самоубиство, а единственото нешто што го одржувало воживот биле неговите две деца.

Животот на Александар Џамбазов згасна на негова 85-годишна возраст, на 25 јануари оваа година.

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

Оваа информација одекна во јавноста и многу познати личности јавно се збогуваа од него.

Како што и самиот Игор кажа на комеморацијата на неговиот татко, тој е сега конечно со својата Анче.

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

Игор Џамбазов денеска сподели видео на Инстаграм од омилениот рефрен од песна која ја има напишано маестро Џамбазов.

Токму на овој ден најдобриот диригент требало да наполни 86 години.

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

„Денес, маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години.

Ова е еден од неговите најубави рефрени…

Довидување, маестро мој…“, напиша Игор.

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button