Џамбазов се потсети на својата покојна мајка – објави фотографија, ова е ден што нема да го заборави
На овој ден, пред 26 години, почина Анче Џамбазова

Игор Џамбазов на својот профил на Инстаграм објави фотографија од својата покојна мајка, Анче Џамбазова.
Во прашање е стара црно-бела фотографија на која легендарната актерка, а под која познатиот актер го остави следниот коментар:
„26 години без Анче“, напиша кратко Џамбазов и ја означи својата сестра Тања Џамбазова која живее во Америка.
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов
Неговата мајка беше една од најдобрите македонски актерки, а нејзиниот живот згасна на 30 септември во 1997 година.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Таа почина на 55 годишна возраст, а најмногу беше позната по улогите во Мирно лето и Македонските народни приказни.
Татко на Анче беше легендарниот македонски актер Петре Прличко додека нејзиниот сопруг и татко на Игор, Александар Џамбазов, беше познат композитор и диригент, великан на современата македонска музика, кој почина минатата година во јануари.
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов
Во 2019 година во рамките на Фестивалот на комедијата Гола месечина беше воведена и наградата за животно дело Анче Џамбазова, во чест на една од најголемите македонски актерки. По тој повод беше снимен и документарен филм за неа, кој имаше своја премиера во рамките на споменатиот фестивал во 2019 година.
Режисер на документарниот филм е Миле Гроздановски, а сценарист и асистент на режија, Гоце Трајковски.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Неколку детали од филмот погледнете во продолжение…