Џабе ти е убавина кога раѓаш “деформитети”: Мајка на деца со Даунов синдром открива какви навреди добива секојдневно!
Сара добива навреди поради своите ќерки...
Сара Беро, како што се потпишува на социјалните мрежи и нејзините девојчиња се пример за многумина, за целиот регион.
Мама Сара Беро од Подгорица, e позната како мајка на храбростa бидејќи како самохран родител одгледува ќерки близначки со Даунов синдром, Ирма и Илда (14)…
Децата со Даунов синдром се соочуваат со дискриминација на повеќе нивоа, но Сара Беро вели дека благодарение на медиумите и влијателните луѓе тоа полека се менува.
– Има многу напредок во односот кон децата со Даунов синдром. Тврдам дека од година во година, благодарение на медиумите и влијателните луѓе, има добри резултати во однос на прифаќањето и разбирањето. Тоа многу ни значи како родители. Многу промени има и во медицината и во родителството. Родителите почнаа да ги вклучуваат овие деца во различни активности, физички и психички и поради тоа денес има многу успешни луѓе со Даунов синдром ширум светот – рече Беро.
Сара прозборе и за ужасните навреди кои ги добивала на сметка на своите деца.
– Има негативни коментари, но сфатив дека тоа е нормално, дури и кога се во прашање лицата со попреченост. Не секој е подготвен да прифати, разбере, поддржува и сака. Негативната страна е што и денес има заостанати луѓе кои живеат во изминатиот век и веруваат дека треба да ги криеме нашите деца, да ги чуваме затворени по куќи.
– За жал, наидуваме и на негативни коментари. Ова е присутно и денес во однос на коментарите: „Џабе ти е убава коса и убавина раѓаш дефекти!“ Повеќе недоразбирање има од луѓето кои имаат деца. Нема да верувате, но овој коментар го добив од мајка. Од еден тинејџер добив прашање : Каде ги чуваш тие бултериери?! – изјави Сара во една прилика за српскиот Курир.
– Нашиот народ допрва треба да учи и да ги прифати европските стандарди. Мислам дека тоа е многу важно. Им дадов крилја на многу мајки, придонесов да работат со нивните деца, да им се посветат. Им дадов идеи, помогнав, организирав многу проекти.
Сара е од Подгорица а во улогата на мајка се остварила кога имала само 20 години. Таа ги роди ќерките близначки Ирма и Илда. Нејзината среќа за момент ја спречило тоа што и двете девојки имаат Даунов синдром. Но, тоа не ја поколеба Сара, туку сама ги извадила од болница и со поддршка од родителите ги надминала првите тешки пречки кои и наишле на патот.
Од тој момент Сара го доби епитетот Мајка Хероина, бидејќи својата улога во борбата со себе и со светот ја сфати крајно сериозно. Направи мали чекори за другите и големи чекори за децата со попреченост, стана претседателка на првото здружение на деца и млади со Даунов синдром во Црна Гора.