Огласи
MAMAДиети

Ѝ рекле дека не може да остане бремена поради килограмите: Се заинати и ослабе 88 кг – една работа беше клучна

Лекарите ја предупредиле Јасмин дека нема да може да остане бремена поради својата тежина, но една одлука ѝ го променила целиот живот. Денес е непрепознатлива. Го сменила начинот на исхрана, внесувајќи многу протеини, ориз, овошје и јогурт секој ден. Сега веќе нема проблеми со ишијасот ниту со апнејата.

advertisement
advert

„Мојата диета е најубавата работа што ми се случила затоа што ми го промени животот. Ослабев 88 килограми. Спијам како бебе, кожата ми е беспрекорна.

Престанав да се жалам на ишијас и ми се врати менструацијата.

Луѓето доаѓаат во фризерскиот салон и ме бараат, не можат да поверуваат дека сум тоа јас сè додека не ми го слушнат гласот.

реклама

Не се срамам од тоа што бев, но кога ќе ги погледнам старите фотографии, се одбивам од самата себе. Ако некој се сомнева во себе, треба да знае дека 100% е возможно и дека вреди. Сето тоа ми даде нов живот“, вели Јасмин.

Таа се борела со вишок килограми уште од детството. Во седмата година носела број 14, а следеле и здравствени проблеми како ишијас и апнеја во сон.

Сето тоа го игнорирала со години, но кога менструацијата ѝ престанала во 2022. година, докторите ја предупредиле на потенцијални проблеми со плодноста.

Марpкетинг

Тогаш, со 34 години, Јасмин се чувствувала како да е нејзиниот живот завршен, а посебно се плашела дека нејзиниот вереник Џејк ќе ја напушти.

Во февруари 2023. година, Јасмин правела операција на желудникза да ослабне и, како што вели, се чувствува како да се родила повторно.

„Поради својата тежина, бев во голем ризик да не можам да имам дете. Мислев дека мојот живот е завршен.

Имав 33 години и сакав да станам мајка. Тогаш самошто почнував да се гледам со Џејк и не знаев дали проблемите со плодноста ќе ја променат нашата врска.

Губитокот на килограми ми се чинеше невозможен, но решив дека не можам да седам и да чекам, туку дека морам нешто да преземам. Мислев дека сум била среќна и самоуверена, но не бев. Немав самопочитување“, раскажува Јасмин и додава:

„Џејк дури не ни знаеше колку ме промени. Тоа покажува каква е тој личност, бидејќи ме сакал и тогаш и сега, а ништо не би можела да направам без неговата поддршка.“

Пробала секаква диета, но успевала да ослабне само 5-6 килограми, но секогаш се борела да ја задржи телесната тежина по диетата.

„Ја пробав секоја диета, но тоа го правев затоа што другите мислеа дека треба, а не јас. Мојата тежина повеќе ги навредуваше другите отколку мене.

Се сеќавам на една ситуација од мојот фризерски салон. Влезе муштерика и на влезот ја прашаа кај кого има закажано, а таа рече ‘кај онаа дебелата, не знам како се вика’.

epp

Беше толку непријатно, целосно ме скрши. Не можев да го завршам тој третман бидејќи не можев да престанам да плачам. Тоа беше ужасно искуство“, се сеќава Јасмин.

Како успеала?

За да се позанимава со своите навики во исхраната, Јасмин поминала низ разни консултации. Покрај тоа, морала да држи строг режим на диета од 300 калории дневно пред операцијата.

„Тоа беше најдобрата одлука што можев да ја донесам. Разбрав дека тоа е целосна промена на начин на живот, а не модна диета. Овде станува збор за здравје“, се сеќава таа и објаснува каков строг режим морала да помине.

„Диетата која ја држев четири недели пред операцијата беше најтешката работа што некогаш сум ја направила. Едно и пол варено јајце има 300 калории. Покрај тоа, јадев само сува салата и парче шунка дневно.“

epp2

Таа ја променила својата исхрана така што почнала да внесува многу протеини дневно, ориз, овошје и јогурт. Сега нема ни проблеми со ишијасот, ни со апнејата.

Диета пред операцијата:

Појадок: Прескокнат

Ручек: Компир со многу путер, сирење и грав

Вечера: Тестенини (порција за деца)

Ужина: диетална кока-кола

фото-пекселс

Диета денес:

Појадок: Јогурт, овошје, протеински плочки

Ручек: Овошна салата

Вечера: Пилешко со интегрален ориз

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas
New Ad
Back to top button