Ѝ се исполни најголемата желба: Македонската ледена кралица не може да се соземе од среќа – „Се држевме за рака“
Македонската ледена кралица доживеа огромна радост.

Ледената Бетика го запозна својот идол.
Бети Котовчевска или во јавноста позната како Бетика својот епитет „ледена кралица“ го доби поради нејзината практика да се капе во студени води.
ФОТО: Инстаграм / Бетика
Бети практикува капење во студени води по примерот на Вим Хоф, екстремен холандски атлетичар кој во светот е познат како Ледениот човек (The Iceman).
Нејзин личен рекорд беше капење во студена вода на -33 степени Целзиусови, во Лапонија.
ФОТО: Инстаграм / Бетика
Летово си направи нов личен рекорд.
Додека надворешната температура беше 35 C°, температурата на водата во која се капеше само 5 C°.
Бетика, која по потекло е од Ресен, деновиве замина во Келн, Германија и успеа да го запознае својот идол, кој го нарекува втор татко, човекот чиј пример следи, самиот Вим Хоф.
ФОТО: Инстаграм / Бетика
Пресреќна таа сподели нивни заеднички фотографии и напраша долг текст во кој во целост ги пренесе своите чувства за она што го доживеала.
ФОТО: Инстаграм / Бетика
„Си го остварив мојот најголем сон – го запознав мојот втор татко, мојата вечна инспирација, мојот исцелител, човекот што променил милиони животи, па и мојот.
Екипо испишавме историја!
Еден и единствен човек на целата планета Земја кој поставува 26 светски рекорди само за да покаже и докаже колку сме моќни, дека човековото тело нема граници, ние ги поставуваме.
Покажува и докажува дека апсолутно луѓето се излечливи од секакви болести само со Мајка Природа, бесплатна медицина, силни и здрави луѓе“, раскажа Бетика и продолжи:
ФОТО: Инстаграм / Бетика
„Сонував за овој момент,сонував да присуствувам на негова работилница, за момент да ја осетам неговата магична енергија.
А подсвесно сонував и да му ја раскажам мојата приказна лично…
Рамо до рамо со најпознатиот светски исцелител, еден и единствен Вим Хоф.
Срцето ќе ми пукнеше од радости – имав некоја минутка да си ги соберам емоциите и да ја раскажам мојата приказна.
Се тресев, плачев и се радував. Солзи радосници капат, јас сум избраната од сите тие луѓенца, си помислив и во благодарност и љубов прифатив“, напиша Бетика.
ФОТО: Инстаграм / Бетика
„Очи во очи, се држевме за рака и пополека во солзи му раскажав за мојата сообраќајна незгода.
За тоа дека не бев подвижна скоро 2 години, а сега сум 100% излечена без никакви последици, иако докторите тврдеа вечен инвалидитет.
Кога му соопштив дека мојата повредена нога е комплетно излечена, врескаше на цел глас, прославувавме гушнати, радоста одекна во етерот, а потоа ми ја бакна излечената нога.
Ова беше најмоќниот ден во мојот живот, мојата мисија е повеќе од јасна“, напиша Бетика во опис на фотографиите.