Реклама
Вирално

Ќе се шокирате за што зборува Палчо во своето последно обраќање – целиот Балкан трага по него (видео)

Веста за исчезнувањето, но и пронаоѓањето на безживотното тело на 14 годишната Вања Ѓорчевска го потресе целиот регион...

Реклама

Во хрватските, но и српските медиуми првоосомниченото лице во случајот со исчезнувањето и убиството на Вања Ѓорѓевска (14) и Панче Жежовски (74), Љупчо Паловски, познат и како Палчо, е опишан како радикален македонски десничар.

Како главен организатор, но и сторител на убиството на Вања и фризерот Панче кои наводно меѓусебно никако не беа поврзани освен во плановите на бескруполозните криминални умови, полицијата го означи лицето Љупчо Палевски попознат како Палчо.

Во случајот осомничени се пет лица, од кои тројца се во притвор, таткото на девојчето е во полиција, додека првоосомничениот моментално се наоѓа во бегство. Медиумите најпрво претпоставуваа дека е избеган во Турција, но министерот Оливер Спасовски кој на денешната прес-конференција ова лице го нарече монструм пред новинарите, откри дека тој најпрво заминал за Белград, а потоа од таму во Бугарија, каде за сега му се губи трагата.

Маркетинг

Фото: Социјални мрежи

Според истрагата и изјавите на осомничените информации за тоа дека девојчето оди сама на училиште тие ја добиле од Палевски, кој истата ја дознал од таткото на девојчето, кого полицијата го сомничи дека е вмешан во злочинот мотивиран од користољубие.

Маркетинг

Сега истражителите се фокусирани на тоа дали таткото на Вања овие информации намерно му ги пренел на Палевски или сосем случајно. Она што е познато досега, веќе е востановена, како што објавија некои медиуми, поврзаноста помеѓу таткото на малата Вања и Палевски.

Инаку, првоосомничениот во врска со киднапирањето и убиството на Вања во изминативе неколку дена цело време беше мошне активен на социјалните мрежи, посебно на Фејсбук, но ниту еднаш не го спомена исчезнатото девојче по кое трагаше цела Македонија.

Тој еден ден по убиството на Вања споделува пост поврзан со посетата на министерот за надворешни работи на Русија во Македонија.

Фото: Социјални мрежи

Но во текот на целото време додека траеше потрагата по исчезнатото девојче тој не објавува ниту еднаш нешто за овој грозоморен настан кој го потресе целиот регион.

Покрај своите објави на Фејсбук преку кои тој најчесто ги искажуваше своите политички ставови и ставовите на неговата партија, ова лице во изминатиов период објавуваше и видеоснимки на Јутјуб.

Во неговото последно видео објавено на неговиот Јутјуб нанал тој зборува за младите во нашата држава и како тие да се задржат тука.

„За да се вратат младите во Македонија потребно е да им дадеме надеж дека стварно има потреба и дека треба да се вратат дома“, вели тој во ова видео посочувајќи според него како постарите треба да се однесуваат кон помладите генерации за тие да останат во Македонија.

Фото: МВР

„Но тука има еден проблем, Ние вампирите сме најголемиот проблем, а не младиве“, вели тој во ова свое обраќање.

Фото: Социјални мрежи

Целото видео погледнете го во продолжение…

Покрај ова шокантно е и тоа што на 22. ноември, на денот на исчезнувањето на берберот Панче Ж. од Велес чие безживотно тело исто така беше пронајдено вчера, и за чие убиство се товари токму Палчо, тој има неколку објави во кои ги искажува неговите политички ставови, како ништо да не се случило…

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button