Реклама
Култура[тор]

Ќе се снима ТВ серија за Одри Хепберн

Реклама

Италијанската филмска компанија Вајлдсајд најави драмска биографска серија за холивудската актерка Одри Хепберн.

Снимањето ќе почне во 2020 година, а сценариото се заснова на книгата „Одри, мојата мајка“, објавена пред три години од нејзиниот син, исто така актер, Лук Доти.

Во книгата таа е прикажана во вистинско светло – поинакво од она како ја знаеме од големиот екран. Италијанскиот новинар и писател Луиџи Спинол е најмен за да ја прилагоди приказната во филмско сценарио. Серијата ќе се фокусира на првите години на актерката во филмската индустрија – од детството во Европа до Холивуд.

Маркетинг

Хепберн е позната по своите улоги во педесеттите години од 20. век, во филмовите „Римски празници“, „Сабрина“, „Појадок кај Тифани“ и оскаровскиот мјузикл „Мојата убава дама“, како и по нејзината добротворна работа. Почина од рак на слепо црево во јануари 1993 година во Швајцарија.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button