Бекута важи за една од најпознатите пејачки во регионот.
Најдобар доказ за успешната кариера на Ана Бекута се бројните концерти што познатата пејачка ги има зад себе за кои повеќето нејзини колеги можат само да сонуваат. Но покрај нејзините вокални способности Бекута секогаш можела да се пофали и со својот атрактивен изглед од кој по нешто очигледно наследила и нејзината внука.
Имено, познатата пејачка има син Игор Полиќ кој и ја има подарено преубавата внука Сања Полиќ.
Таа веќе со години се занимава со шминкање, па така не ретко ја разубавува и својата позната баба.
Токму затоа Ана и ја викна да биде дел од нејзиниот тим кој ги подготвува натпреварувачите во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ на кои таа им е ментор.
Погледнете како изгледа Сања, која за разлика од нејзиниот татко е малку послободна и не се плаши од камерите.