Ќе се изненадите од тоа како Ева Заева и нејзиното згодно момче го носат најпопуларниот тренд за оваа есенска сезона (фото)
На ова парче времето едноставно не му проаѓа
Ако ги прашате стилистите да издвојат едно модно парче кое според нив е безвременско и кое што секоја жена треба да го има во своите плакари, верувајте дека сите едногласно ќе ви кажат дека тоа е „тренч“ мантилот!
Во прашање е култно парче кое веќе со децении доминира во секоја есенска сезона, а струмичанката Ева Заева и нејзиното момче изгледаат мошне шик во едно вакво издание.
Иако Ева е позната по нејзините опуштени и младешки комбинации во кои не ретко можеме да ја видиме како носи фармерки и патики, кога ќе направи еден ваков исклучок и на кратко ќе заплови во класичните стилски води, оваа млада девојка едноставно изгледа феноменално.
Имено, Ева носи класичен „тренч“ мантил во комбинација со црвена чанта, а целото издание го зачини со нејзината преубава долга коса.
Инаку, главен виновник за овој тренд е популарниот мантил од Барбери кој важи за еден од најпознатите модни парчиња на светот. Тој дефинитивно е главниот виновник за огромната слава со која што веќе со децении може да се пофалат „тренч“ мантилите, па и малку потоплите варијанти.
Тие се „маст-хев“ за во плакарот на секоја жена, а досега го носеа и се уште го носат некои од најубавите и најстилизираните жени, и го комбинираат на најразлични можни начини (па дури и голи).
Ева која важи за една од најпознатите Македонки на социјалните мрежи, добро знае кои парчиња се во тренд оваа есен, па така од својот гардеробер го извлече својот омилен „тренч“ мантил и го носеше кога реши да ја направи оваа фотографија со својот сакан.
Не знаеме дали носат модел од Барбери, но мораме да признаеме дека и двајцата изгледаат одлично.
Во продолжение погледнете ги и најубавите тренч мантили за оваа есенска сезона.
Bottega Veneta – £2,370
Ganni – £350
Guess Pocket Front Trench – £145
Isabel Marant – £900
Jigsaw
JW Anderson – £1,350
L.K.Bennett
Mackintosh – £1,095
Next
Preen by Thornton Bregazzi – £1,190
Reiss – £495
THEORY – £460
Topshop – £79
Uniqlo – £79.90
Uniqlo – £79.90
Warehouse