Реклама
Вирално

Ќе се изненадите од она што го зборува оваа Американка за Балканот (ја споменува и Македонија): „Тука насекаде има луѓе заробени во кутија насред улица!“

Реклама

Американската блогерка Вандо која живее во Белград, на социјалните мрежи попозната како „The Amerikanka“ (еднаш веќе пишувавме за неа), во своето последно видео брои пет нешта кои постојат во Србија, односно и на целиот Балкан, и кои во Америка никогаш не можат да се видат.

На почетокот на снимката, Вандо слуша турбо фолк и се жали дека и се истурило пиво на подот.  „Сега ќе кажат дека сум глупава американска кучка, но морам да го кажам ова за Балканците“ го започнува таа своето излагање.

Маркетинг

„Ова мое видео е за уникатните работи што ќе ги видите во Србија и на Балканот во целина, и кои не можете да ги видите во Америка воопшто, или многу ретко”, вели блогерката во своето видео и продолжува:

Првото нешто се трафиките

„Како можам да им објаснам на луѓето кои не биле тука, што е трафика? На кратко, тоа е лице заробено во една кутија на средината на улицата. Тоа е во кратко една мала продавница, но се наоѓа на улица, а ние такви немаме во САД. Тие се на секој агол, и во нив можете да купите цигари, алкохол, брза храна, чипс, чоколада, влажни марамчиња, ваучери за мобилни телефони … “, вели таа.

Маркетинг

„Не разбирам каде одат по нужда луѓето кои работат во овие трафики? Декември е, јас сум загрижен за нив. Сите ќе настинеме, сега сме зима, студено е, како се греат внатре не можам да разберам“ вели таа.

Под број два и се пешачките зони

„Ние сите знаеме што значи зборот пешаци, но во Америка немаме зони за нив. На кратко, ако никогаш не сте биле на Балканот, во Србија, Хрватска, Албанија, Македонија, во ниту една од овие земји, тоа е Источноевропска работа, дефинитивно не е Американска. Пешачки зони се толку кул, бидејќи не постојат автомобили, тоа е место само за шетање. Често тоа е постар или историскиот дел на градот, често имаат преубави згради кои ги оградуваат улиците, многу тераси – полни се со барови и кафулиња, каде што луѓето седат. Тие се прекрасни, “вели таа.

Трети се обложувалниците и малите казина што ги има насекаде

„САД забранува сè што има врска со коцкање, пушење и пиење, но многу казина може да се видат само во градови како Лас Вегас и во Атлантик Сити, каде што законите се полабави. Во мојата земја, Мериленд има неколку големи казина, но ако навистина сакате такви искуства, треба да возите четири часа до Атлантик Сити. Тука, во Србија и колку што знам генерално на целиот Балкан, има обложувалници насекаде. Можете да шетате десет минути по улица и ќе помине покрај две или три обложувалници, тие навистина се честа појава тука. Законите се полабава “, вели блогерката.

Таа исто така е воодушевена и од тоа што на Балканот на секој чекор има пекари. За разлика од кај нас, во Америка не постојат мали и независни пекари, и такви, кои не се дол од некој корпоративен синџир, можете да видите само во продавници. На Балканот, може да одиме по улица и на секои две минути и ќе видите две или три пекари, вели таа.

https://www.instagram.com/p/BSnaHy5FpHn/

 

И за крај како петта работа таа го набројува тоа што во нашите продавници се продава алкохол. Можеби немаат тампони, што иритира, но затоа тука е потполно нормално да појдете во продавница и да купите алкохол, што не е случај со повеќето земји во Америка, заклучува таа.

https://www.instagram.com/p/BH3hjSnjlrI/

 

Но како што вели еден корисник во коментарите под нејзиното видео што беше објавено на Јутјуб, дека потполно ја разбира тоа што и е чудно што кај нас во продавниците се продава алкохол, и што за неа изгледа невообичаено тоа што на секој чекор има трафики, исто како што на секој Балканец би му изгелдало чудно тоа што во американските супермаркети може слободно да се купи оружје.

https://www.instagram.com/p/BRH9LR6lK8o/

Како и да е, мораме да признаеме дека видеото на Вандо заслужува едно големо лајк.

Што мислите вие?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button