Ќе се изненадите од мајката на овој наш пејач – и таа е фолкерка, изгледаат како брат и сестра (фото)
Многумина не веруваат дека тие се мајка и син
Нашата позната фолк-пејачка Даниела Темелковска важи за една од најубавите жени меѓу познатите дами.
Но токму затоа и многумина се изненадени кога ќе слушнат дека Даниела е баба и дека има внука.
Имено, нејзиниот син Даниел Блажевски кој тргна по нејзини стапки и со кого често заедно настапува, пред неколку месеци се оствари во улога на татко, а неговата мајка си ја доби внуката Јана.
Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска
Пејачката минатата година го ожени својот син, а на свадбата изгледаше како да му е постара сестра, а не мајка.
Фото: Инстаграм/ Даниел Блажевски
Свадбените фотографии никого не оставија рамнодушен, а Даниела блескаше со својот шарм и убавина.
Фото: Инстаграм/ Даниел Блажевски
Секогаш насмеана и расположена, таа изгледа како да има минимум 20 години помалку, а многумина и порачуваат дека е како виното – како минуваат годините, таа изгледа се подобро и подобро.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Потсетуваме, Даниела и Даниел често настапуваат заедно, а нејзиниот наследник не крие дека го горд на својата модерна мајка која отсекогаш имала потполно разбирање за него.
Фото: Инстаграм/ Даниел Блажевски
Пејачот очигледно талентот за музика го наследил од неа, но и шармот, така што додека беше ерген важеше за фраер и пол.
Фото: Инстаграм/ Даниел Блажевски
Но сега тој е горд и посветен татко на својата наследничка со која често објавува фотографии на социјалните мрежи.
Некои од нив погледнете во продолжение…