Ќе се изненадите, ова сигурно не сте го очекувале: Еве како изгледа традиционалната авганистанска жена, не е како другите…
Овие фотографии го преплавија интернетот
Не е јасно какви рестрикции следуваат за жените во Талибан по повлекувањето на Американците од оваа земја.
Талибанците како што неодамна пренесоа странските медиуми, им дозволија на жените да се школуваат.
Но една рестрикција веќе има стапено на сила, а тоа е да се носи хиџаб задолжително во школите.
Авганистанките веднаш решија да покажат дека нема да се покорат пред новиот режи, кој е мошне суров.
Тие треба да бидат во одвоени училници за да се минуваат време со мажи и задолжително да носат хаџиб.
Ова важи како за наставничките, така и за студентките.
Авганистанките затоа започнаа кампања која што е проследена со хаптагот DoNotTouchMyClothes (не ја допирај мојата облека), како и AfghanistanCulture а целта е светот да се запознае (а Талибанците да се посетат) на традиционалните облеки во оваа земја која заради ситуацијата е во центарот на вниманието.
И за разлика од други муслимански земји, каде жените се скриени најчесто зад црни и темносини бурки, жените во оваа земја традиционално носат многу шарени бои.
Во прашање се фустани украсени со интересни и комплицирани везови, интересни кроеви, единствени шари и дезени, а заедничко на сите им е што имаат многу бои.
Во прашање е силен контраст во однос на вообичаените бурки какви што најчесто ги гледаме кај жените од муслиманскиот свет.
Една од жените што ја започнаа ова кампања и која привлече внимание во светот е Бахар Јалали, поранешна професорка на еден американски универзитет во Авганистан.
„Ова е авганистанската култура“.
„Носам традиционален авганистински фустан“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во зелена облека со светлозелени и сини цветови.
Таа исто така порача дека бурките и хиџабот немаат никаква врска со историјата и традицијата на Авганистан.
„Ни една жена никогаш во историјата на Авганистан не се облекувала вака. Ова е потполно непознато за авганистанската култура, Ја објавив оваа фотографија заради информирање, едукација и отфрлање на дезинформациите што ги пропагираат Талибанците“, додаде оваа храбра жена.
Многу Авганистанки објавија фотографии на кои носат слични фустани и истакнаа дека нивниот народ е заљубен во бои, како и тоа дека и авганистанското знаме е шарено.
Фото: Твитер
Фото: Твитер
Фото: Твитер
Фото: Твитер
Фото: Твитер
Фото: Твитер
Фото: Твитер
Фото: Твитер
Фото: Твитер
Фото: Твитер
Фото: Твитер
Фото: Твитер
Фото: Твитер
Фото: Твитер
Фото: Твитер
Фото: Твитер
Фото: Твитер
Фото: Твитер