Реклама
Наши ѕвезди

Ќе се изненадите кога ќе видите како изгледа денес Ајше од „Сулејман Величествениот“ – за неа годините се само бројка!

Реклама

Изгледа како девојка, а има 76 години

Фото: Принтскрин

Во популарната турска серија ја глумеше мајката на Султан Сулејман, Ајше Хафса Султан Величествената.

Многумина не можат да поверуваат дека Небахат Чехре, познатата актерка што глумеше мајката на Сулејман Величествениот има 76 години.

Небахат Чехре во оваа популарна серија ја глумеше мајката султанка, но ни тогаш, па ни сега со својот изглед, линија, моден стил и пред се со веселиот дух не остава впечаток дека е во осмата деценија од животот.

Маркетинг
Фото: Принтскрин

Во „Сулејман Величествениот“ глумеше моќна жена, одговорна мајка која што ги влече конците во семејството кога е најпотребно.

Фото: Принтскрин

Но очигледно дека Небахат има подеднакво силен карактер и во приватниот живот, кога ќе се изгаснат камерите.

Маркетинг
Фото: Принтскрин

Небахат е родена во 1944 година во Турција, а својата богата и успешна кариера ја започна во 1960 и тоа како модел. Беше прогласена за најубава жена во Турција и ја претставуваше својата земја на светскиот избор за убавина во Лондон.

Фото: Принтскрин

„Никогаш од своето семејство не барав пари. На изборот за убавина ме испратија дословно со една турска лира во џебот. На границата ме сопреа и не ми дозволија да одам во Лондон бидејќи сум премлада, па со гаранција од премиерот сепак заминав на натпреварот. Во авионот влегов со 50 центи, но тоа е живот на кој бев навикната“, раскажуваше подоцна познатата актерка за турските медиуми

Фото: Принтскрин

По изборот за Мис на Турција почнаа да пристигнуваат и бројни понуди за глума, иако никогаш претходно не размислувала дека ќе стане актерка. Првата улога ќе ја одигра на 17 години во филмот „Yaban Gülü“ , а најголемо влијание, барем во приватниот живот, ќе го доживее на филмот „ Kamali Ze­­y­bek “ од 1964 година. Таа ќе ја запознае актерската легенда, 14 години постариот Јилмаз Гунеј, кој подоцна ќе и стане маж. Тие страсно ќе ја започнат врската, а дури подоцна ќе се дознае дека Јилмаз имал друга жена што чека дете од него.

Фото: Принтскрин

Но и покрај тоа, тој и Небахат остануваат заедно и во 1967 година ќе се заколнат на вечна љубов.

Фото: Принтскрин

Но нивниот брак нема да трае долго.

Фото: Принтскрин

По 15 месеци преполни со расправии и перипетии, па дури и насилство, Небахат и Јимлаз ќе решат да се разделат, а по разводот никогаш не зборувале негативно еден за друг. Десет години подоцна, Небахат ќе се омажи за кошаркарот Јавуз Демир со кој беше во брак три години.

Фото: Принтскрин

Таа со него остана во блажена состојба, но реши да абортира кога сфати дека и овој брак ќе доживее крах.

Погледнете како таа изгледа денес:

Фото: Инстаграм/ Небахат Чехре

Фото: Инстаграм/ Небахат Чехре

Фото: Инстаграм/ Небахат Чехре

Фото: Инстаграм/ Небахат Чехре

Фото: Инстаграм/ Небахат Чехре

Фото: Инстаграм/ Небахат Чехре

Фото: Инстаграм/ Небахат Чехре

Фото: Инстаграм/ Небахат Чехре

Фото: Инстаграм/ Небахат Чехре

Фото: Инстаграм/ Небахат Чехре

Фото: Инстаграм/ Небахат Чехре

Фото: Инстаграм/ Небахат Чехре

Фото: Инстаграм/ Небахат Чехре

Фото: Инстаграм/ Небахат Чехре

Фото: Инстаграм/ Небахат Чехре

Фото: Инстаграм/ Небахат Чехре

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button