Ќе се изненадите како изгледа мајката на новото момче на Анастасија Ражнатовиќ – има родено три деца и сите се вегани!
Немања има и сестра која е тенисерка и важи за една од најубавите спортистки во Србија.
Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, веќе месец дена е во врска со фудбалерот Немања Гудељ.
Како што пишува српскиот Телеграф, фолк ѕвездата Цеца својот зет ќе го запознае во мај, на роденденот на Анастасија.
Анастасија моментално е во Шпанија кај Немања, каде ужива и времето го минува заедно со неговото семејство.
Сестрата на Немања веќе објави нивна заедничка фотографија која што потоа ја сподели и Анастасија.
На профилот на Немања можат да се видат и други фотографии од неговата сестра, но и од мајка му која е вистинска убавица.
Имено, Немања е син на некогашниот ас на Партизан, Небојша, а мајка му се вика Оливера.
Како што и самиот татко во една пригода има изјавено, неговата сопруга е столбот на нивното семејство. Таа најпрво ги издржала тренинзите на сопругот, неговите патувања, бројни карантини, а потоа и да ги одгледува и воспитува децата, да ги води на училиште, тренинзи…
Интересно за семејството на Немања е и тоа што сите тие водат сметка за исхраната и се вегетаријанци, што според зборовите на Немања е клучно за неговата кондиција и успех.
Колку Оливера е важна на момчето на Анастасија зборува и тоа што тој често објавува нејзини фотографии на Инстаграм.
Од друга страна од фотографиите на Инстаграм, можеме да заклучиме и дека Оливера веќе ја засакала својата снаа.
Тие одлично си поминуваат во Севиља, одат на вечери, заедно одат на шопинг, а Анастасија се дружи и со неговата сестра Вања.
Немања има уште еден брат, Драгиша, кој е помал од него и исто така успешно го чекори својот фудбалски пат, а нивната сестра Вања, која исто како и постарите браќа избра спорт, е тенисерка.
Колку Немања е поврзан за своето семејство најмногу зборуваат неговите фотографии на кои тој ужива со нив.
Што се однесува пак до неговата сестра, на нејзиниот профил речиси и да нема фотографија на која Вања не е со своите браќа.
Немања моментално игра за Севиља, па затоа Анастасија замина во Шпанија, а сега се појави и фотографија настаната за време на вечера на која се со пријатели и членови на нивното семејство.
Како што пренесуваат српските медиуми, Немања во Белград ќе дојде во мај, кога е роденденот на Анастасија. Тој наводно тогаш, кога ќе заврши и со сезоната, ќе се запознае и со нејзината мајка.
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ