Реклама
Наши ѕвезди

Ќе се изненадите како изгледа денес сопругата на Пепи Бафтировски – се врати во Македонија и веднаш го направи ова

Ава ги израдува фановите откако се појави на националниот сервис, па запеа.

Реклама

Пепи Бафтировски беше една од најголемите фолк ѕвезди во земјава, а зад себе остави богата музичка ризница.

Познат по антологиските хитови „Ако згрешам нека изгорам“ и „Сине мој“ меѓу своите колеги беше познат и како емотивен човек.

И покрај тоа што беше еден од најдобрите пејачи во земјава, не го добиваше третманот кој го заслужуваше, па си ги спакува куферите и ја напушти Македонија.

Маркетинг
ФОТО: Фејсбук / Ава Керш

Во брак беше со преубавата Ава Керш, за чија љубов пренесуваа сите тогашни медиуми.

Ава и Пепи беа интересни за јавноста поради големата разлика во години меѓу нив двајца.

Маркетинг

Ава беше една од најубавите жени во земјава, пејачка, која со својот ексцентричен изглед уште тогаш никој не оставаше рамнодушен.

ФОТО: Фејсбук / Ава Керш

Аве и Пепи важеа за еден од најконтроверзните парови во тоа време. Нивната љубов, вели Ава била многу силна.

Плод на нивната љубов се нивните две деца Емил и Марина.

Во потрага по подобар живот семејството Бафтировски заминало во Америка, каде по извесен период Ава и Пепи се разделуваат.

Недолго после разводот, згаснува и животот на Пепи, по битката со ракот на белите дробови.

И покрај тоа што биле разделени, Ава и Пепи останале блиски до крајот на неговиот живот.

ФОТО: Фејсбук / Ава Керш

Неговата поранешна сопруга и нивните деца живеат одлично во Америка, а тоа може да се види и на фотографиите на социјалните мрежи.

На голема радост на фановите, Ава дојде во посета на својата родна земја и гостуваше во емисија на националниот сервис, каде не можеше да се воздржи, а да не се фати за микрофонот и да запее.

Мора да се признае дека таа изгледа фантастично, времето како да запрело за неа.

Погледнете:

ФОТО: Фејсбук / Ава Керш

ФОТО: Фејсбук / Ава Керш

ФОТО: Фејсбук / Ава Керш

ФОТО: Фејсбук / Ава Керш

ФОТО: Фејсбук / Ава Керш

ФОТО: Фејсбук / Ава Керш

ФОТО: Фејсбук / Ава Керш

ФОТО: Фејсбук / Ава Керш

ФОТО: Фејсбук / Ава Керш

ФОТО: Фејсбук / Ава Керш

ФОТО: Фејсбук / Ава Керш

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button