Ќе се изненадите како изгледаше Јелена во ова издание, а некои и ќе се ШОКИРААТ кога ќе слушнат колку чини овој детаљ
Никој не остана рамнодушен
Веќе и врапчињата на гранките знаат дека Јелена Карлеуша е една од најголемите модни икони на овие простори.
За нејзиниот стил пишувале и најголемите модни магазини, а не ретко и многу познати ѕвезди ја копираат.
Јелена Карлеуша најчесто избира гламурозни парчиња од кои може да ви застане здивот, така што не постои жена што нема да се воодушеви на импресивните моделите што таа ги поседува во својот плакар.
Таа воедно маѓепсува и со начинот како ги носи па речиси секогаш изгледа како да излегла од модните писти.
Покрај тоа што ги следи трендовите, Карлеуша не ретко и ги диктира истите, па многу пејачки од регионот ја копираат.
Но пејачката со своите изданија секојдневно ја подига модата на повисоко ниво, давајќи им тешка задача на своите колешки.
Впрочем така беше и овој пат кога се појави во вечерно издание со своите пријатели и ги остави сите без здив.
Таа носеше креација од познат српски дизајнер, но еден детаљ со кој го заокружи целото издание чини вистинско мало богатство.
Во прашање е чанта од реномираниот бренд „Bottega Veneta“ за која пејачката потрошила 4000 евра.
Покрај овој скапоцен моден додаток од брендот кој им е омилен на многу познати ѕвезди, Карлеуша блескаше и заради начинот на кој ги спои различните материјали и бои, не оставајќи никого рамнодушен.
Како таа изгледаш во ова издание, погледнете на крајот од галеријата што следува во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Еве како изгледаше Карлеуша со чантата од 4000 евра.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша