Ќе се изненадите како изгледала Цеца на својот прв настап – нема да ја ПРЕПОЗНАЕТЕ, стари снимки од пред 30 и кусур години!
На својот прв настап имаше само 15 години…
Светлана Цеца Ражнатовиќ важи за една од најпопуларните и најомилените пејачки во регионот.
Таа на естрадата е повеќе од три децении, а со музика започнала да се занимава од својата најрана возраст.
Имено, познатата фолкерка имала само девет години кога прв пат со микрофон се појавила на телевизија, додека првиот албум ги снимила на петнаесетгодишна возраст.
Таа се презиваше Величковиќ и со песната „Цветак зановетак“ ја освои наградата за најуспешен дебитански настап на Фестивалот на народна музика Илиџа, а како пејачката изгледаше тогаш, погледнете во продолжение:
По ова Цеца за кратко време стана позната и барана пејачка во регионот, и за кратко време почна да заработува многу пари.
Таа е една од ретките пејачки кои можат да се пофалат дека заработиле пари за стан пред да наполнат 18 години.
Нејзиниот албум „Пушти ме да га видим“ и донесе голема популарност. Беше продаден во повеќе од 350.000 примероци, а една година подоцна, албумот „Бабарога“, ги обори сите рекорди, па пејачката заработените пари реши да го вложи во недвижнина, па купи стан во Белград.
Пејачката во овој стан живееше се додека не се омажи за Жељко Ражнатовиќ Аркан со кој ќе се запознае во 1994 година.
Како таа изгледала на почетокот од својата кариера, погледнете од галеријата во продолжение:
Цеца некогаш
Фотографија од 1991 година на која Цеца носи розов фустан…
Познатата пејачка со фризура која беше хит во диско ерата
Со кратка коса…
Едно од оние изданија во кое дефинитивно нема да ја препознаете.
Многу пати во текот на својата кариера Цеца го менуваше имиџот
Еве како изгледаше додека Аркан беше жив
Цеца на насловна страна
Цеца сега
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин