Реклама
Наши ѕвезди

Ќе се изненадите како изгледала Тијана како невеста – несекојдневна ВЕНЧАНИЦА и младоженец каков што секоја би посакала!

Реклама

Еве како изгледаше најубавиот ден во животот на Тијана…

Фото: Инстаграм

Тијана во една пригода откри дека со Милан се познаваат од најраното детство и дека верува дека тоа не било случајно….

Нема девојка што не сонувала како ќе изгледа на денот на нејзината свадба, па не се сомневаме дека тоа важи и за нашата позната пејачка Тијана Дапчевиќ.

Познатата македонска пејачка која го има еден од најмоќните вокали во регионот, никогаш не криела како се чувствувала на овој посевен ден во нејзиниот живот, но и како го запознала партнерот на кого му се заколнала на вечна љубов и како се случило запросувањето.

Маркетинг

Тие се познавале само два дена пред да влезат во врска, а набргу потоа одлучиле и да живеат под ист покрив.

Фото: Инстаграм

Имено, Тијана во една пригода откри дека со Милан се познаваат од најраното детство и дека денес верува дека тоа не било случајно.

„Мојата тетка, на мајка ми родена сестра нему му беше педагог на училиште и во една прилика кога децата од училиште ги однесе на планина, јас појдов со нив. Јас имав некои седум-осум години, а Милан дванаесет и тогаш прв пат се сретнавме, а имаме дури и заедничка фотографија кога бевме мали. Многу години подоцна се запознавме во Сомбор, неговиот роден град и од каде е семејството на мојата мајка. Од првиот момент почнавме да живееме заедно во, како што сакам да го нарекувам, див брак се до моментот додека Милан не го постави прашањето да ја официјализираме врската“, раскажа Тијана пред неколку години во една емисија.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Таа откри и дека по неколку месеци заеднички живот, кога се вратила во Скопје, Милан веднаш дошол по неа.

Тијана тогаш била на гости кај една нејзина пријателка, која сега и е кума, кога тој се појавил пред вратата и ја запросил со два ѓевреци што ги носел во рацете. Подоцна ја запросил и со прстен, а тогаш се случила и венчавката во Скопје, кога пејачката му се заколнала на вечна љубов.

Фото: Инстаграм

Имено, тие направиле две свадби – општинска венчавка имале во Сомбор, а црковна во Скопје. Пејачката и на двете венчавки изгледаше феноменално, иако на првата беше поекстравагантна. Имено, таа на првата носеше панталони ѕвонарки и корсет со чироки фризура, додека на венчавката во црквата носеше класична венчаница исто така со корсет, но наместо необична фризура косата и беше залижана и врзана во долга опашка.

Како Тијана изгледаше како невеста, погледнете во продолжение:

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Извор: Стори.рс, Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button