Ќе се изненадите каква убавица е помалата ќерка на Дарко и Маја Панчеви – и мама и тато се гордеат со неа
Познатиот пар во своето семејно гнездо имаат две прекрасни млади дами кои пленат со својот шарм и убавина
Среќно семејство
Еден од најпознатите парови кај нас, Дарко Панчев (59) и Маја Гроздановска–Панчева (51) повеќе од две децении се во складен брак.
И како што самата Маја во една пригода откри, и денес функционираат на еден нормален, човечки начин, како да не се луѓе од јавниот живот.
Ја сакаат едноставноста, а круна на нивната љубов се нивните две ќерки, Надица и Марија, крстени по нивните мајки.
Инстаграм/ Надица Панчева
Тие и двете се млади, убаво воспитани девојки, а нивните родители се горди на нивната скромност и од тоа во какви личности пораснаа.
Инстаграм/ Марија Панчева
Тоа впрочем може да се заклучи и од профилот на Маја, која редовно споделува заеднички моменти со своите наследнички.
Инстаграм/ Маја Гроздановска-Панчева
Тие кога се задно уживаат како да се другарки, па повеќе од очигледно е дека Маја и Дарко имаат живот на кој речиси секој би можел да им завидува, а најголема среќа им ја донеле нивните наследнички.
Инстаграм/ Надица Панчева
И додека постарата ќерка Надица студира Филолошки факултет, помалата која годинава беше матурантка успешно плови во манекенските води.
Имено, таа порасна во вистинска убавица и веќе неколку години е дел од модниот свет кај нас, а нејзината мајка неодамна се пофали дека станала дел и од една популарна модна агенција од Италија.
Инстаграм/ Марија Панчева
Марија денес на својот профил често споделува фотографии и снимки, а како изгледа оваа млада дама и зошто важи за вистинска убавица, погледнете во продолжение…