Ќе се изненадите каква „бесна машина“ вози Благица Павловска – не сме ја виделе во вакво издание
Пејачката во фустан вози трактор
Неодамна познатата фолк-пејачка Благица Павловска (64) објави фотографија со која што ги изненади сите на социјалните мрежи.
Имено, Благица не можеше да му одолее на тракторот, па се качи на него и со насмевка на лицето позираше во вакво издание.
Облечена во цветен фустан таа се фати за воланот, а фотографијата изненади многумина на социјалните мрежи.
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Не знаеме дали таа навистина се возеше со оваа „луда“ машина, но повеќе од сигурни сме дека уживаше додека го прави тоа.
Таа покажа дека е подготвена да се најде и во улога на шофер, доколку има потреба за тоа во некоја пригода.
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Инаку, Благица е позната по тоа дека е некој што знае да се пошегува на своја сопствена сметка, па без проблем вакви случки од животот споделува со бројните следбеници на социјалните мрежи.
Но тоа воедно е и една од причината што многумина ја обожаваат, што може да се забележи и од коментарите под фотографијата.
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Инаку, Благица на нашата естрада е присутна од 1993 година, кога го сними албумот „Не можам да те заборавам“.
Покрај својата соло кариера Павловска долго време настапуваше и со групата наречена „Четири грации“ каде покрај неа беа и пејачките Андријана Алачки, Росана Тодоровска и Бади Бекир.
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Позната е како доста отворена личност која никогаш немала проблем јавно да зборува за својата приватност. Како што самата откри во една пригода, пејачката не жали што не успеала да оформи свое семејство, бидејќи е опкружена со љубовта на своите внуци и блиски роднини, како и со животните за кои секојдневно се грижи.
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Благица е родена на 4 декември 1958 година и досега има настапено на бројни фестивали и освоено голем број награди.
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Но како што самата изјави неодамна сега е во животна фаза во која помалку настапува, а повеќе сака да одмара.
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Во 2006 година ги изненади сите кога стапи во брак со Саше Симеонов од Кочани, кој 19 години беше помлад од неа.
Пејачката тогаш се венчаше во затвор во гратчето Салуцо во Италија, каде Саше ја одлежуваше својата затворска казна, а на нивната венчавка присуствуваше и градоначалникот на Салуцо.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Но, за жал, овој брак не траеше долго, така што тие се разделија по 4 години, а Благица во една пригода изјави дека нејзиниот партнер, додека била на печалба во Австралија, уживал во џакузи со љубовниците.