Ќе се изненадите во каков раскош живее Агнеса – многумина ЗАПРЕПАСТЕНИ, и Џани Версаче би и завидувал на ова
Домот на Агнеса зрачи со раскош и топлина, а како што самата вели, просторот е инспириран од Италија…
Скопјанката Агнеса Органџиева за кратко време стана една од најпознатите Македонки на социјалните мрежи.
Таа во својот семеен дом живее со своите ќерки и како што самата вели, целиот простор во домот зборува за минатото и сегашноста на Италија.
Таа е една убава и атрактивна жена која има извонредно чувство за мода, а за тоа зборуваат и нејзините бројни фотографии. Но овој пат во центарот на вниманието на нејзината објава не е таа, туку раскошниот дом кој се гледа дека до најситниот детаљ е украсен со многу љубов и посветеност.
Имено, домот на Органџиева е нејзината оаза каде што си ги полни батериите по напорниот работен ден.
Таа целиот простор го уредила совршено по својот сопствен вкус и според потребите на семејството, а во тоа можевме да се увериме досега повеќе пати благодарение на социјалните мрежи.
Во прашање е стан од 90 метри квадратни кој е уреден според нејзина лична идеја, во модернистички стил.
На ѕидовите има уметнички дела, додека секој детаљ е избран внимателно и со љубов, и во амбиентот даваат посебна топлина.
Во преубаво уредениот дневен престој доминираат белата и бојата на дрвото, а во слична нијанса е и луксузната гарнитура.
На ѕидовите има разно-разни украси, а воедно ова е и просторот во кој најмногу ужива и поминува време со ќерките.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева