Ќе се изненадите во каков луксуз ужива една од најубавите Албанки од МАКЕДОНИЈА – „гори“ Дубаи од ова нејзино издание!
Пејачката ужива за сите пари…
Таа едноставно блескаше во костимот за капење на белиот песок, додека во позадината се гледа познатиот хотел, еден од најлуксузните во светот…
Познатата албанска пејачка од Македонија, Туна Седиу (37), го искористи слободното време да си ги наполни батериите.
Шармантната пејачка на социјалните мрежи покажа како ужива во еден од најубавите и најлуксузните градови на светот, а најголемо внимание секако привлече со фотографиите на кои позираше во костим за капење.
Туна која неодамна се разведе по втор пат со ова свое издание посебно ги воодушеви претставниците на посилниот пол.
Таа едноставно блескаше во синиот костим за капење на белиот песок, додека во позадината се гледа познатата градба.
Коментарите под фотографиите се уште се редат, а многу фанови се согласни дека Туна никогаш не изгледала поубаво.
Пејачката не крие дека ужива кога посетува егзотични и луксузни дестинации, а на ова место го помина и Денот на вљубените.
Таа неодамна се врати од Занзибар, а фотографиите што ги објавува од вакви места никого не оставаат рамнодушен.
Фотографиите на Туна од ова луксузно патување погледнете ги во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Туна Седиу
Фото: Инстаграм/ Туна Седиу
Фото: Инстаграм/ Туна Седиу
Фото: Инстаграм/ Туна Седиу
Фото: Инстаграм/ Туна Седиу
Фото: Инстаграм/ Туна Седиу