Ќе се изненадите во каков луксуз живее Зоран Ванев кога престојува во МАКЕДОНИЈА! Куќа од три ката, голем базен и раскошен двор!

Ужива покрај базенот, комшиите му завидуваат!

Кога се пoјави на сцената важеше за миленик на жените, а денес е семеен човек и има потполно поинакво занимање.
Пејачот Зоран Ванев во младоста важеше за еден од најпосакуваните фолк пејачи. Тој додека се занимаваше со музика беше познат и надвор од Македонија, а некои негови песни и денес се хит и се вртат на сите прослави.
Но тој во еден момент ќе одлучи да се повлече од јавноста и денес многу малце се знае за него.
Се уште се занимава со музика, но не толку активно како во минатото, а откако заврши Факултет за природна медицина стана признат доктор по природна медицина во Швајцарија каде што живее со семејството.
Тој и денес изгледа речиси исто како и во младоста, како годините воопшто да не оставиле трага на него.

И денес изгледа како манекен и се уште има многу обожавателки, а поприлично е активен и на социјалните мрежи.

Од фотографиите што ги објавува на нив можеме да видиме дека Ванев кој денес живее во Швајцарија и работи како доктор, ова лето уживаше и во својот роден Штип.

Имено, тој на социјалните мрежи објави неколку фотографии од кои можевме да видиме дека неговиот дом во Македонија е уреден со стил.

Во прашање е голема куќа која што е луксузно уредена, а во која престојува заедно со семејството кога се во неговото родно место.

Високата ограда, која делумно е сочинета и од грижливо распоредено природно зеленило, го сокрива дворот од љубопитните погледи од улицата.

Во дворот има базен во кој пејачот ужива кога е дома, што може да се забележи и од овие фотографии, на кои Ванев позира во костим за капење и со темни очила за сонце.
„Доме, сладок доме“, напиша Ванев под фотографиите со кои што ги воодушеви сите на социјалните мрежи.
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
Фото: Фејсбук/ Зоран Ванев
