Ќе се воодушевите од ова момче што пее па „растура“ МАКЕДОНСКИ ПЕСНИ – имаме ли нова ѕвезда?
Ви откриваме нова македонска ѕвезда!
Ова младо момче пее па растура…
Методија Столески, млад и талентиран пејач од Струга, со една своја изведба на Фејсбук ги воодушеви сите.
Станува збор за македонската народна песна „Девојченце душо моја“, која што ова симпатично момче ја испеа на Фејсбук и со својот неверојатен талент ги воодушеви сите што досега го слушнале.
Методија кој досега имавме прилика неколку пати да го гледаме во „Мерак Меана“, но и на македонските фестивали, со оваа своја изведба дефинитивно покажа дека е еден од најдобрите пејачи на народна музика од помладата генерација во Македонија.
Фото: Принтскрин
Неговата песна „Крв македонска“ со која настапи на Гоце фест 2022 година веќе е хит, впрочем како и многу други негови песни.
Фото: Фејсбук
Тој досега има настапувано на бројни фестивали и освоено голем број награди, а со својот бенд настапува речиси секојдневно.
Некои од неговите најслушани песни на Јутјуб, но и изведби на Фејсбук, погледнете и слушнете во продолжение…