Ќе се воодушевите кога ќе видите како изгледале како бебиња најубавите близначки на светот
Близначките Ава Марија и Лиа Розе Клементс од Калифорнија се родени во јуни 2010 година, а една од нивните први фотографии, уште додека беа бебиња, го заобиколи светот преку социјалните мрежи. Тие едноставно ги освоија луѓето со своите големи, убави очи.
Погледнете на следната фотографија како изгледале како бебиња најубавите близначки на светот.
Девојчињата неодамна наполнија 8 години и ги нарекуваат најубавите близначки на светот.
Нивната мајка Џеки вели дека имаат голем број понуди од модни агенции, и покрај манекенството, исто така, одат и на училиште, но се занимаваат и со танцување.
https://www.instagram.com/p/Brgvufzh_ds/
Нивниот заеднички профил на Инстаграм има повеќе од еден милион следбеници, а честопати некој во коментарите ќе напише дека девојките изгледаат по малку тажно, но Џеки открива дека тоа е многу далеку од вистината.
Таа вели дека Ава и Лија сакаат меѓусебно да се фотографираат и дека уживаат во тоа. Тие го имаат споено удобното, односно она што најмногу го сакаат, со корисното, па така сега нивната кариера е практично загарантирана. Имено, откако пораснаа доволно, и се извишија, нивната мајка им најде агент. Тие почнаа и навистина да работат како модели, а во јули 2017 година им го отвори и нивниот профил на Инстаграм.
„На почетокот немав идеја што да правам, а сега имаме 860.000 следбеници“ вели мајката. Девојките, денес со фотографиите заработуваат сериозни пари, и што е уште поважно, „уживаат во секој момент“, како што вели таа.
https://www.instagram.com/p/BoZm9wXBzhq/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Br0JwpxBhlJ/