Ќе пее на свадбата на Вељко, а кога ќе видите колку бакшиш доби од роденденот на Сораја ќе ви се заврти во главата
На многумина ќе им се заврти во главата кога ќе видат колку пари заработува и тоа само од бакшишот што го добива
Александра Младеновиќ важи за една од најплатените млади пејачки во регионот. Таа неодамна на Сораја Вучелиќ и пееше на увце за нејзиниот роденден, а од фотографиите и видеата што се појавија на социјалните мрежи можевме да видиме дека славеничката не штедела.
Имено, Александра држи поприлично големо купче со пари, а како што пренесоа медиумите, од прославата си заминала побогата за 5000 евра.
„Бакшишот навистина беше добар, но мене тоа никогаш не ми било на прво место. Парите ги поделив со музичарите и најважно е што добро си поминавме и сите си заминаа задоволни“, изјави таа за Информер.
Таа во недела ќе пее на свадбата на Богдана Родиќ и Вељко Ражнатовиќ, кога исто така ќе заработи голем бакшиш.