Ќе останете без зборови – погледнете во каков луксуз живее пејачката Емина Јаховиќ. Секое ќоше е средено до најмал детаљ (фото)
Пејачката има свое сопствено парче од рајот
Откако се омажи со Мустафа Сандал, кој важи за еден од најпознатите турски пејачки, Емина Јаховиќ стана една од најбогатите пејачки во регионот, а нејзините ангажмани во областа на музиката, козметиката и глумата дополнително ја зголемија нејзината банкарска сметка, пишува деновиве српскиот портал „Пулсонлајн“.
Оттука, не е никакво изненадување што Емина ужива во луксузен дом со каков малкумина можат да се пофалат, а на социјалните мрежи само повремено споделува некои од кадрите кои се создадени во луксузната вила во која што живее со своите деца откако се раздели од Мустафа.
Вилата се наоѓа во еден од најелитните делови од Истанбул, а познатата пејачка деновиве гордо сподели како изгледа нејзиниот двор во кој доминираат палми, маслинки и други садници за кои таа самата води сметка.
Во продолжение погледнете како изгледа нејзиниот двор, како и неколку простории во нејзиниот дом.
Инаку, за Емина и Мустафа неодамна се шушкаше дека решила за време на карантинот повторно да живеат заедно.
Имено, тие се разведени, но сопругот и помогна и околу нејзината последна песна „Кризирам“, која излезе неодамна и брои милионски прегледи. Покрај ова за нив веќе некое време се шушка дека се вратиле на старото, а Емина и самата во неколку наврати призна дека познатиот турски пејач и по разводот останал добар пријател со неа и дека одлично функционираат заради децата. Од друга страна, магазинот „Свет“ неодамна објави дека Емина се вратила во вилата на Мустафа откако на тоа ја убедил помладиот син Јавуз и сега повторно живеат како семејство. Тоа го направиле заради епидемијата, како малолетните деца би можеле подолго време да поминуваат со својот татко.
Но, како што пишуваше овој весник, ова сврзување им помогна да сфатат дека сè уште се вистинско семејство и дека одлично функционираат кога се заедно.
Поранешните сопружници совршено се разбираат, а сега е јасно дека и љубовта не исчезнала и покрај тоа што и двајцата ја бараа на друга страна. Емина сакаше сè да остане онака како што е и да не се сели никаде бидејќи само што се стабилизираше по разделбата со Садетин Саран.
Таа го уреди нејзиниот нов дом и се прилагоди на новиот живот со своите деца. Но неодамна Мустафа и предложи да се врати и да живеат заедно во неговата вила. Таа на почетокот се двоумеше, но се предомисли заради својот помлад син Јаваз, кој секогаш многу се растажува кога треба да се раздели од својот татко. Таа ги зема со себе само своите основни работи и сега повторно живеат заедно, раскажува извор за „Свет“ кој е многу близок со пејачката.