Популарниот ТВ водител на Пинк, Огњен Амиџиќ беше гостин во емисијата „Магазин ин“ каде проговори за бракот и разводот.
фото инстаграм/Мина Наумовиќ
Имено тој зад себе има два брака. Наскоро Огњен ќе го каже судбоносното “ДА ” на својата партнерка и колешка со која чека бебе, Мина Наумовиќ.
фото инстаграм/Мина Наумовиќ
Огњен даде свој суд за денешните врски и бракови и откри што за него е суштината на љубовта.
– Во денешно време веќе не е важно како се нарекува нешто, важнa е суштината! Дали се вика брак, вака или онака… тоа е лична работа. Сè доби поинаков облик и не е како што мислевме. Мислам дека најважно е суштински да се најде среќа со некого, рече тој и додаде:
фото инстаграм/Мина Наумовиќ
– Никогаш не се знае кога ќе се случи, таа емоција, таа суштина. Првиот пат кога се оженив беше затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев зрел за тоа. Сега е трет пат, трета среќа и мислам дека е тоа, тоа, додаде тој и се пошегува:
фото инстаграм/Мина Наумовиќ
-Ако не дај Боже и тоа не успее, можеме да направиме специјално шоу каде ќе гостуваме Наташа Беквалац, Дарко Лазиќ и јас, изјави Амиџиќ.
фото инстаграм/Мина Наумовиќ
Да потсетиме, Огњен Амиџиќ веќе го има синот Матија, од бракот со Даниела.
фото инстаграм/Мина Наумовиќ
Претходно Огњен за Мина изјави дека конечно нашол девојка која е идеална за него во секоја смисла, а посебно истакна дека покрај физичкиот изглед му се допаѓа и во деловна смисла и дека му одговара и како партнерка и како колешка.