Ќе и донесе ли бројот 8 среќа на Тамара – прочитајте која тајна ја крие овој мистичен број
Тамара Тодевска се подготвува за финалето на Евровизија кога ќе даде се од себе за да на направи сите горди.
Таа ќе настапи со песната „Proud“, а како специјален гостин на 64 издание на Евровизија оваа година ќе настапи поп ѕвездата Мадона. На Тамара ова и е четврти пат како настапува на Евровизија, но прв пат како солист.
Таа ќе настапи под реден број 8. Еве што крие овој број и дали на нашата претставничка ќе и донесе среќа.
Бројот 8 во датумот на отворање на Олимписките игри се појавува три пати и отсекогаш бил еден од најинтересните броеви во нумерологијата. Тоа е бројот на космичката рамнотежа, и често му се препишуваат магиски делувања бидејќи е составен од два круга и прстен па ја содржи и двојната магија и сила на овие симболи. Осмиот ден доаѓа по шест дена создавање и сабат. И додека бројот 7 првенствено е број на Стариот завет, 8 му припаѓа на Новиот. Според свети Августин, по седмиот ден доаѓа осмиот кој го одбележува животот на праведниот и казна за безбожниците.
Во Калдејската нумерологија, бројот 8 е среќен број и го преставува успехот што доаѓа по почетните откажувања. Го отсликува реченицата „преку трње до ѕвездите“, што е совршено прикладно за патот што го минуваат спортистите кои учествувале на Олимписките игри.
Бројот 8 е среќен број и за Кинезите. Затоа и не треба да не изненади тоа што Олимписките игри во Пекинг започнаа на 8.8 2008 . Во Кина ако сакате да го имате среќниот број 8 во вашиот број од мобилниот телефон или на регистарските таблички, таа услуга ќе морате посебно да ја платите, а домаќинствата и компаниите кои имаат број 8 во адресата се сметаат за посебно среќни и успешни.
Па се надеваме дека и на Тамара ќе и донесе среќа вечерва.