Ќе имаат нов член во семејството – ова е вистинско изненадување за ЌЕРКИЧКАТА на Сара Мејс и Димитар Атанасовски
Пејачката Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски се често активни на социјалните мрежи, а сега со интересни објави Димитар покажа дека жените ја имаат „моќта“.
Двајцата се во брак веќе подолго време, а круната на нивната љубов е ќеркичката Илина со која мама и тато уживаат да поминуваат време.
Нивното мало семејство деновиве се прошири за уште еден член, а веста ја сподели водителот Димитар кој се чинеше дека и не е баш така среќен
Тие веќе имаат едно куче кое речиси секаде го носат, а сега Сара и Илина најдоа мало маче, па решија да си го чуваат.
Водителот на кратките инстаграм „приказни“ напиша:
„Е супер, само уште ова фалеше и сега сме сите на број“ а потоа сподели видео од малото маче кое Сара го бањаѓе во туш кабината па се пошегува:
„Работата беше јас или мачето. и еве него више го бањаат“, напиша Димитар.
Веројатно помирен со судбината за нов член во семејството тој го покажа мачето свежо избањато и посака добредојде, па праша дали ќе има и кум.
Сето ова добро ги насмеа фановите, но едно е сосема јасно дека Илина со сигурност е најсреќна.
Инаку малата Илина неодамна славеше роденден и наполни 3 години.
„Мачето мое наполни 3. Најсреќна на светот да си мајкина! Да пукаш од здравје и насмевки!, напиша гордата мама на Инстаграм.
Тие направија интересна семејна фотосесија, а веќе е евидентно дека Илина се повеќе личи на мама и ужива да позира.