Ќе заплаче ако му се случи ова – пејачот Јордан Митев си ја отвори душата, не сте го виделе во вакво издание
Не би можел да ги задржи солзите доколку му се случи ова
Еден од најпознатите македонски фолк-пејачи Јордан Митев се појави во улога на жири во популарното шоу за ветерани.
Имено, тој благодарение на соработката со пејачот Халид Муслимовиќ, кој неодамна ја препеа неговата песна „Ајде сите на нозе“, беше поканет во емисијата „Никогаш не е доцна“ за која вели дека е една од омилените телевизиски емисии на неговите родители.
Во разговор за Гранд, Јордан пред камерите зборуваше за гласините дека е внук на Добрила Чабриќ, па откри дека во прашање била шега.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна
Не, таа не ми е баба, но добро ја познавам и таа е фантастична и како личност и како пејач, изјави тој за „Гранд.онлајн“.
Јордан исто така откри и дека нема да биде изненаден доколку пушти солзи пред камерите доколку некоја песна или животна приказна на некој од натпреварувачите емотивно го погоди, но исто така пред камерите им ја соопшти и радосната вест што пред неколку месеци му се случи во Австралија.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна
Потсетуваме, Јордан додека беше на својата последна турнеја во Австралија се оствари во улога на родител.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна
Неговата сопруга Славица, која беше заедно со него на турнејата, таму се породи и ја роди нивната ќеркичка Кристина.
Тој не крие дека е пресреќен што станал татко, а како Јордан се снаоѓа и во оваа своја нова животна улога, дознајте тука.
Во продолжение погледнете ја и емисијата во која Јордан се појави во улога на родител и ги воодушеви гледачите од Македонија.