Ќе ви го стопи срцето: Прва фотографија од внуката на Дац – се славеше во семејството
Честитки пристигнуваат од сите страни, убава причина за славење имаше во семејството на славниот актер.
Дац објави досега невидени фотографии и ја воодушеви публиката.
Актерот Драган Спасов Дац неодамна доби нова животна улога – дедо.
Неговото семејство е неговиот ветер во грб и неговата движечка сила.
Во една своја објава напиша дека за негови најголеми достигнувања ги смета неговите синови од првиот брак Јаков и Стефан, неговата прекрасна сопруга Весна и нејзината ќерка Јана, неколкуте улоги во театар, телвизија и филм.
Активен е на социјалните мрежи, кае често знае да напише по некоја емотивна порака за своите сакани.
Во неговото семејство се случи најубавата работа која ја посскуваат сите родители.
Постариот син Јсков и неговата сопруга Софија добија принова.
На свет се роди малста Гаиа која е центарот на светот на сите нив.
Ова име потекнува од грчката митологија.
Станува збор за името на божицата на Земјата. Сметана за мајка божица, таа била персонификација на духот на Земјата. Од неа се родил светот, а нејзиното создавање донело смиреност во инаку хаотичниот универзум. Сама, Гаиа ги создала планините и океаните.
Дац е некој кој гордо ги искажува своите емоции и често на социјалните мрежи знае да напипе емотивни статуси за најсаканите.
По повод роденденот на неговиот наследник тој сподели нивна досега невидена фотографија, но и прва фотографија од преслатката Гаиа.
„Среќен роденден Јаков!
Ова ти е прв роденден како татко”, напиша тој во опис на фотографијата.
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов Дац
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов Дац
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов Дац
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов Дац
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов Дац
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов Дац
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов Дац
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов Дац
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов Дац