Ќе бидат уапсени сите што го поддржуваа убиецот на Инстаграм – евидентирани се сите коментари
Веќе се уапсени 40 лица, а ќе бидат приведени сите што во своите објави ширеле омраза, давале поддршка, го величале убиството и убиецот, и тоа не само на Инстаграм туку и на сите останати социјални мрежи.
Уапсени се околу 40 луѓе кои за време на преносот во живо преку Инстаграм го поддржувале убиецот од Градачац.
Нермин Сулејмановиќ во својот крвав пир со кој го шокираше регионот уби три лица, својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, и Џенгиз и Денис Ондер, татко и син, кои се турски државјани.
Покрај овие тројца кои беа брутално убиени од страна на Сулејмановиќ, тој го рани и полицаецот Хисен Коториќ, како и лицето Недим Памуковиќ и Хариса Ондер, сопругата н Џенгиз Ондер.
Принтскрин/ Социјални мрежи
Според последните информации, Хариса е во тешка состојба.
Бруталниот убиец во живо го пренесуваше убиството на својата сопруга, а шокантно е тоа што многумина го поддржаа во таквиот чин.
Министерот за внатрешни работи на Босна и Херцеговина, Рамо Исак, за Аваз изјави дека се спроведува активност да се евидентираат ваквите поединци, пишува хрватскиот Индекс.хр.
Принтскрин/ Социјални мрежи
„Директорот на ФУП ме информираше дека отсекот за Сајбер криминал на ФУП веќе спроведува активности што се однесува на евидентирање на лицата кои на социјалните мрежи го поддржувале и величале убиството и убиецот“ изјави босанскиот министер за внатрешни работи.
ФУП во соработка со надлежниот обвинител ќе започне постапка за лоцирање и документирање на сите поединци кои со своите објави ширеле омраза, давале поддршка, го величале убиството и убиецот, и тоа не само на Инстаграм туку и на сите останати социјални мрежи.
Принтскрин/ Социјални мрежи
Зошто страшните снимки со часови стоеле на Инстаграм?
Во Босна и Херцеговина многумина се прашуваат зошто Мета со часови ги оставила снимките од убиството на Инстаграм.
И страшното видео од самиот чин и уште едно во кое убиецот се јави по убиството беа достапни на Инстаграм се до реакцијата на полицијата на Босна и Херцеговина кога профилот на тројниот убиец, заедно со видеата, конечно беа отстранети од оваа социјална мрежа.
Принтскрин/ Социјални мрежи
Се огласи сестрата на убиената
По страшното убиство се огласи и сестрата на убиената Низаме Хеќимовиќ која на Фејсбук објави заедничка слика
„Моја најубава и најмила, се уште не можам да поверувам дека ова можело да се случи, Те сака твојата сестра најмногу“, напиша Е.Г. на својот профил на популарната социјална мрежа.
Принтскрин/ Социјални мрежи
Прво огласување на сопственикот на теретаната кој го зема бебето и кај кого работеше убиецот
Се огласи и сопственикот на теретаната во која Нермин Сулејмановиќ долго време работел како личен тренер.
Тој беше на место на злочинот и го земал деветмесечното бебе кое преживеало и не е повредено по убиството на неговата мајка.
„Да, го спасив бебето, беше спуштено на под и во локва крв. Сега е кај мене, на сигурно. Глетката беше страшна. Несреќната сопруга ја истепал, беше непрепознатлива. Ние се знаеме многу време, тој работеше кај мене, никогаш никакви проблеми немало. Не знам како дојде до ова“, изјави тој за босанските медиуми по страшната несреќа.
Принтскрин/ Социјални мрежи
Бебето на крај заврши во болницата во Тузла каде е згрижено и каде од страна на медицински лица е утврдено дека не е повредено, по што ќе биде предадено во надлежност на социјалните служби.