Ќеркичката на Кате и Трајче од „Соната“ денес СЛАВИ РОДЕНДЕН – маме и тате се топат од среќа и радости
Ќеркичката на познатиот пар ги воодушеви сите
Повеќе од сигурни сме дека малата Ана си поминува одлично со своите мама и тато, а ова беше посебен ден за неа
Катерина Брезева и Трајче Бондиков овој ден им е посебно радосен – нивната ќеркичка Ана наполни пет години.
Познатата пејачка и клавијатуристот од групата „Соната“ споделија фотографија на која е славеничката со балон во форма на бројот пет.
Инстаграм/ Трајче и Кате Соната
Откако се роди Ана нивниот живот целосно се промени, а пејачката деновиве покажа и како уживаат сите заедно на одмор.
Инстаграм/ Трајче и Кате Соната
Од фотографиите што ги објави познатиот пар никој не остава рамнодушен, а Ана изгледа како мала сиреничка.
Инстаграм/ Трајче и Кате Соната
Потсетуваме, Трајче и Кате цели 18 години беа во врска пред конечно да застанат под олтарот и да се заколнат на вечна љубов.
Инстаграм/ Трајче и Кате Соната
Наскоро се роди и малата Ана која сега е центарот на нивниот свет, а убавото име си го доби по желба на нејзиниот татко.
Инстаграм/ Трајче и Кате Соната
И откако Ана пристигна во нивните животи, тие и двајцата на своите профили на социјалните мрежи не кријат колку се среќни кога слободното времето го минуваат со нивната принцезичка, а и сега со најновите преслатки фотографии со насмеаната мала сиреничка ги разнежнија своите верни фанови.