Ќерките на Панчев се преубави млади девојки – во ова издание ги ВООДУШЕВИЈА сите, а Маја блескаше покрај нив
Надица и Марија се ќерките на македонскиот фудбалер кој во дресот на Црвена ѕвезда ги освои Европа и целиот свет.
Надица има 23 години и заврши Англиски јазик и книжевност. Таа моментално е на мастер студии и паралелно студира и вонредно германски јазик, додека помалата ќерка на фудбалската легенда, Марија, е средношколка и на 10 мај ќе го прослави своето полнолетство.
Тие и двете пленат со својата убавина, а активни се и на социјалните мрежи каде често објавуваат интересни фотографии.
На вчерашната промоција на филмот за Дарко Панчев, Надица и Марија беа цело време покрај својот татко.
Тие за оваа пригода избраа црно од глава до петти, а во слично издание се појави и нивната мајка Маја Гроздановска Панчева.
Фудбалската легенда блескаше покрај своите три грации, а како изгледаа заедно погледнете во продолжение…
Потсетуваме, вчера во Александар Палас се одржа промоцијата на документарецот за Панчев „Патот на Кобра до ѕвездите“.
Публиката беше воодушевена од документарниот филм за еден од најдобрите фудбалери во поранешна Југославија и некогашната Златна копачка на Европа, а меѓу гостите беа и бројни поранешни асови на Црвена ѕвезда и Вардар, како и бројни јавни личности од Македонија и Србија.
Како изгледаше Дарко Панчев во друштво на своите наследнички, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Надица Панчева
Фото: Инстаграм/ Надица Панчева
Фото: Инстаграм/ Надица Панчева
Фото: Инстаграм/ Надица Панчева
Фото: Инстаграм/ Надица Панчева
Фото: Инстаграм/ Надица Панчева
Фото: Инстаграм/ Надица Панчева
Фото: Инстаграм/ Надица Панчева
Фото: Инстаграм/ Надица Панчева