Познатиот турски актер Кенан Имирзалиоглу (49), попознат како Езел од истоимената серија, од 2016 година е во брак со својата 13 години помлада колешка, убавата турска актерка Синем Кобал.
Тие од овој брак имаат две ќерки, Лалин и Лејла, кои мајката на Синем, Нурај, ги покажа на социјалните мрежи.
Кенан кој моментално во Турција е познат и како водител на „Кој сака да биде милионер„ е во среќен брак со својата колешка.
Тие од овој брак имаат две ќерки, постарата Лалин и Лејла која што ја добија во мај минатата година.
Познатиот пар прв пат во улога на родители се остварија во 2020 година, а на вечна љубов се заколнаа во 2016 година.
Инаку, Кенан и Синем пред само неколку дена го прославија првиот роденден на нивната втора ќерка.
Познатата актерка сподели фотографија од чевличките на Лејла и нејзините и ги воодушеви своите фанови.
Тие не сакаат да откриваат премногу детали од нивниот приватен живот и живеат повлечено, но ова правило го прекрши мајката на Синем.
Имено, Нурај Кобал неодамна на социјалните мрежи објави фотографија на која е со внуките, а сите коментираа дека Лејла пораснала, но и дека постарата сестричка Лалин многу личи повеќе на нејзиниот татко.
Инаку, новина за познатиот пар е и тоа што Синем најави дека наскоро повторно ќе се врати на малите екрани.
Таа откако ги роди своите ќерки му се посвети на семејството, но не заборава ни на своите фанови на социјалните мрежи.
Таа редовно споделува фотографии од своите секојдневие, а нејзините фанови се изненадени и од тоа како оваа мама и по две бремености успеа да ја задржи својата беспрекорна линија.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм