Ќерката на Јордан Митев го доби едно од најубавите христијански имиња – пејачот е пресреќен (фото)
Познатиот пејач доби ќерка на која и даде преубаво име
Пејачот Јордан Митев деновиве го доби своето прво дете
Неговата сопруга Славица се породи и роди женско дете и тоа додека е заедно со Јордан на турнеја во Австралија.
Среќната вест прв на социјалните мрежи ја сподели Јордан, по што следуваа лавина од честитки од неговите фанови.
Јордан по раѓањето на неговата наследничка одржа неколку концерти во Австралија на кои се бараше влезница повеќе.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Но тој прослави и со своите пријатели за приновата во семејството, а еден негов пријател на Фејсбук сподели фотографија на која се гледа како наздравуваат за наследничката на Јордан, малата Кристина Митева, првото дете на познатиот фолк-пејач.
„Конечно наздравивме за малата македонска убавица Кристина Митева. Јордан и Даниел Митев ви благодариме за убавиот ручек, пишува под заедничката фотографија на социјалните мрежи по што следуваа бројни честитки од пријателите.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
На фотографијата е и братот на Јордан, Даниел, кој е заедно со познатиот пејач во Австралија и кој по раѓањето на внуката напиша:
„Добредојде на свет мала принцезо, денес станав чичо. Чиче ти посакува да си жива и здрава, да си имаш безгрижно детство и од Бога благословена“, напиша среќниот чичко на социјалните мрежи.
Фото: Фејсбук/ Даниел Митев
Инаку, Кристина е старо и убаво име за девојчиња и важи за традиционално христијанско или „библиско“ женско име.
Имено Кристина како и неговата варијанта Христина е посебно популарно во нашата земја, но и во регионот што покажуваат и статистичките податоци во последните неколку години. Женското лично име Кристина по потекло е од стариот грчки јазик и се смета дека потекнува од грчкиот збор „Christós“ што има значење христијанин, крстен, кој верува во Бог.
Фото: Фејсбук/ Даниел Митев
И бидејќи името Кристина по потекло е од грчки и латински јазик, а во исто време се врзува со чинот на крштевање, а со тоа и за името Исус Христос, има значење жена христијанка, онаа што е крстена, личност која е божествена, ќерка Божја, безгрешна, она на која и се простуваат сите гревови, онаа што е дар од Бог, жена што Господ ја испратил меѓу луѓето.