Ќерката на Цеца ја прокоментира објавата на Аца Лукас со која тој жестоко ја нападна Карлеуша – еве што им одговори ЈК
Нова војна на естрадното небо на Балканот
Анастасија Ражнатовиќ (21) прв пат коментираше било што е поврзано или се однесува на Јелена Карлеуша (40), а станува збор за објавата на Инстаграм која Аца Лукас (50) жестоко ја нападна својата колешка и пријателка. Откако Лукас реагираше на објавата на Јелена во која го коментираше роденденот на бизнисменот од Србија, Драгослав Илиќ, како и неговите гости и пејачки, меѓу кои беше и Анастасија, Карлеуша повторно му се обрати. По ова следуваше одговор од Лукас, кој очигледно и се допадна на Анастасија, особено откако ЈК жестоко ја нападна и ја нарече со погрдни зборови.
„Држи се ти до оваа банана држава, бидејќи само уште тука можат да ги трпат твоите испади и будалаштини кои се почесто, од ништо предизвикана, ги правиш. П.С. да знаев дека олку ќе те погоди, би му кажал на мојот пријател и тебе да те покани на роденденот! Многу добро знаеш дека мразам неправда, и тоа го имаш почувствувано и на своја кожа, кога бев еден од ретките кои застанаа во твоја одбрана! Сега претера и ги помина сите граници! Суетата и љубомората се она што ги прави луѓето да бидат лоши! А и смешни“, и напиша Лукас, по што следуваа неколку емотикони од Анастасија – аплауз, оган и смајли кое плака од смеење.
Но по ова следуваше уште пожесток одговор од Карлеуша и дузина погрдни зборови за гостите, а најмногу за Анастасија.
„Јас не сум твојата другарка селанка па да не знам што да ти одговорам. Мене мозокот и без нафта ми работи 300 на саат. Каде бре со велосипед си тргнал против Русија? Очекувам како и секогаш твое извинување и вакво нешто никогаш повеќе да не ти паднало на памет“, напиша ЈК.