Ќерката на Цеца ја обожава својата идна свекрва – погледнете како се ЗАБАВУВААТ, како да се познаваат отсекогаш (фото)
Пејачката секојдневно објавува фотографии и снимки од Шпанија каде е на посета на своето ново момче.
Веќе и врапчињата на гранките знаат дека ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, има ново момче.
Во прашање е фудбалерот Немања Гудељ кој игра за Севиља, каде што пејачката отпатува пред неколку дена.
Анастасија иако се уште не објавила ниту една фотографија на која е заедно со него, на нејзиниот профил на Инстаграм деновиве беа споделени многу фотографии и снимки на кои ужива со неговата сестра Вања и мајката Оливера со кои е речиси неразделна на ова свое патување.
Имено, таа сега сподели снимка на која се гледа како го минува времето со нив и откри во какви односи е со нив.
Тие сите три цело време се гушкаа, прегрнуваа и пееја, и не ги тргаа насмевките од нивните лица.
Пејачката потоа објави и снимки направени на натпреварот во кој играше нејзиното момче против Реал Мадрид.
Анастасија на трибините беше заедно со семејството на Немања, па на Инстаграм објави неколку снимки од настанот.
На една од нив таа позираше со Вања и Оливера, а објави и фотографија додека фудбалерите се загреваа пред натпреварот.
Но за жал, Севиља, за која игра Гудељ, изгуби од Реал Мадрид со 2:3 што беше шок за сите бидејќи на полувремето водеа 2:0.
Да потсетиме, Таса и Немања се знаат долго време, но нивната врска започна пред отприлика месец дена. Тие најпрво почна да се дружат преку заеднички пријател, а по неколку излегувања, запловија во љубовни води.
Бонус галерија
Тетоважите на Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ