Ќерката на Цеца со длабок шлиц што открива премногу и гламурозна чанта со цена од која боли глава
Анастасија стокмена од глава до пети, излезе на вечера со момчето и го украде шоуто
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ топлото време го минува во Шпанија заедно со својот избраник, фудбалерот Немања Гудељ.
Тие и двајцата на социјалните мрежи споделуваат заеднички фотографии од кои можеме да видиме како се забавуваат.
Младата пејачка овој пат објави фотографија на која позира во преубав цветен фустан што го носеше на вечера со саканиот.
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Во прашање е креација со длабок шлиц, голи раменици и цветни детали, а целото издание го зачини со чанта од познат бренд од 3500 евра.
Таа и покрај тоа што седеше на столчето со скрстени нозе, длабокиот шлиц покажа премногу, а првиот коментар и го даде момчето.
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Имено, фудбалерот објави емотикони со бубамара, како што нагалено ја вика, и фотоапарат, на што Анастасија му одговори:
„Најдобриот фотографи на светот“.
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Потсетуваме, Анастасија и нејзиното момче, фудбалерот Немања Гудељ неодамна го изгубија нивното бебе.
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Тажната вест прв ја сподели Немања преку својот профил на социјалните мрежи, а Анастасија, која тогаш беше во петтиот месец од бременоста, реши потполно да се повлече од јавноста, и го изгасна својот Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Но по некое време пејачката ги изненади сите кога повторно почна да споделува фотографии на својот профил.