Реклама
Наши ѕвезди

Ќерката на Цеца се coблeчe и позираше во пpoвокативно издание, обожавателите и порачаа дека личи на Моника Белучи

Реклама

Позираше за потребите за снимање на нов спот покрај базен

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Но она во што сите гледаа е нејзиниот прекрасен модел на костим за капење.

Имено, младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ (22) е мошне активна на социјалните мрежи и речиси нема ден, а да не ги израдува своите следбеници со нешто ново.

Маркетинг

Ќерката на Цеца овој пат најверојатно за потребите за снимање спот, позираше пред базен, па видеото го објави на Инстаграм.

Таа позира во едноделен костим за капење во зелена боја, со длабок „V“ израз со кој го истакна своето тело.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Таа и овој пат доби голем број пофалби на сметка на својот изглед, а на многумина им се допаѓа тоа што никогаш не ја преминува границата на пристојноста, иако многу често знае да кокетира со пpoвокативните модни комбинации на социјалните мрежи и повторно да изгледа шик.

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

„Изгледаш како Моника Белучи“, и напиша еден корисник под видеото на социјалните мрежи.

Како таа изгледаше погледнете во продолжение:

https://www.instagram.com/p/CCTlf8DAdBd/

Инаку, ќерката на Цеца денес не личи воопшто на онаа девојка од пред неколку години. А кога ќе ја погледнете фотографијата што самата Анастасија ја објави и на која пејачката има само 13 години и вие ќе се уверите во тоа.

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Имено, како што пренесуваат српските медиуми, Анастасија покрај тоа што порасна направи и неколку естетски корекции, па и покрај тоа што во прашање се само неколку години, трансформацијата е очигледна.

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button