Ќерката на Цеца се прошета во фатално издание сред пустина, горат СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи додека таа го бодри својот сакан
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ ужива во своето патување во Катар…
Популарната српска пејачка го искористи патувањето за да ужива во убавото катарско сонце, а нејзината објава никого не остави рамнодушен.
Светското првенство е главна тема последните неколку дена, а покрај фудбалерите и фудбалските натпревари големо внимание привлекуваат и нивните девојки и сопруги.
Една од нив е и ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, која е во врска со Немања Гудељ, младиот фудбалер што игра за репрезентацијата на Србија.
Анастасија за време на натпреварот го бодреше својот сакан од трибините, а потоа реши да ги запознае и убавините на оваа земја.
Пејачката го искористи патувањето за да ужива во убавото катарско сонце, а нејзината објава никого не остави рамнодушен.
Имено таа за прошетка низ пустината избра фустан во боја на сонцето, со големи шлицеви до колковите и прорези над половината. Во прашање е модел кој фантастично стои на нејзиното тело, па следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот неодолив изглед во ова издание.
Погледнете ги и останатите нејзини изданија со кои Анастасија подигна голема прашина на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ