Ќерката на Цеца се пофали како изгледа новогодишната бајка во нејзиниот луксузен стан – сé блеска, момчето ќе се изненади!
Младата пејачка откри како го украсила станот
Популарната пејачка Анастасија Ражнатовиќ на својот профил на социјалните мрежи покажа како изгледа празничната атмосфера во нејзиниот стан.
Таа од неодамна се пресели во нов луксузен стан каде сега живее со своето момче, младиот бизнисмен Ѓорѓе Куљиќ.
Тие на почетокот од октомври се преселија во луксузен дуплекс во близина на Калимегдан, а сега ќерката на Цеца покажа како го уредиле за празниците. Можеме да видиме дека елката е до плафонот, украсена со интересни и необични детали што пејачката ги покажа во крупен план.
Тука се и свеќите, Дедо Мразовци во најразлични големини, печурки, светкави кугли, капи, чорапи – нема што нема.
Но покрај елката, украсен е и ентериерот во дневната соба, односно масата што се наоѓа до самиот ѕид.
„Мојот дом. Опседната сум со мојата новогодишна елка“ напиша пејачката покрај видеото што го објави на својот профил на Инстаграм.
Инаку, Цеца во своето неодамнешно интервју за српскиот Телеграф откри дека новиот стан во кој живее Анастасија не е нејзин, како што се шпекулираше претходно. Како што тогаш пејачката откри за медиумите, луксузниот дуплекс го купил нејзиното момче, Ѓорѓе Куљиќ.
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ