Ќерката на Цеца не може да ги сопре солзите – слави РОДЕНДЕН, но заради ова многу и’ е тешко (фото)
Бремената Анастасија Ражнатовиќ наполни 25 години
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ денес слави роденден
Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ Анастасија, денес наполни 25 години, а бидејќи е во Севиља, далеку од своето семејство, нема да може да го прослави роденденот со своите најблиски.
Таа на својот профил на Инстаграм објави неколку „приказни“ направени од нејзините фанови, а една посебно ја погоди.
Во прашање е снимка на која таа е како мала и ги раскажува изненадувањата што тогашп и ги приредиле за роденден.
Покрај видеото таа стави и емотикони со солзи, но и полно срце и раце што се молат, откривајќи како се чувствува.
Инаку, Анастасија која неодамна откри дека е во блажена состојба, ужива со саканиот Немања Гудељ во Шпанија.
Таа редовно објавува фотографии на социјалните мрежи, а не може да се врати во Белград затоа што чека документи во Шпанија.
„Го чекам третото внуче. По вториот внук Крстан, чекаме принцеза, на Анастасија и Немања, и многу се радуваме“.
„Жељко ни дојде прв. Не постои ништо поубаво во едно семејство од тоа да се раѓаат деца“, изјави неодамна Цеца за „Блиц“.
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ