Ќерката на Цеца драстично го промени имиџот и ги шокираше сите – бунтовничко издание за кое треба да се има храброст!

Пејачката предизвика лавина од коментари

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, ја најави својата новата песна „Готово“.
Но покрај песната, фановите беа поприлично изненадени и од новиот имиџ што го „фура“ младата музичка ѕвезда.
Имено, таа позираше во фармерки, зелен топ и со фризура која потсетува на бунтовничката од „Џокер“, Харли Квин.
Ќерката на Цеца изгледа одлично со овој бунтовнички имиџ, па доби бројни комплименти на сметка на својот изглед.

Бројните фанови на Анастасија се нестрпливи да ја слушнат нејзината нова песна, а таа под објавата им порача:
„Готово? Повторно се лажеш себеси, велиш дека е ‘готово’. Наскоро нова песна“, напиша таа под фотографијата.

Инаку, Анастасија и пред неколку дена ги изненади бројните обожаватели со својата фризура. Имено, таа тогаш реши да заплови во светот на бринетите, па ја посветли својата долга црна коса која и беше заштитен знак.

Таа со новата фризура и во прекрасно издание се појави на првиот настап на Цеца по подолго време, а како изгледаше погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
