Многу девојки го следат стилот на Анастасија Ражнатовиќ
Младата пејачка ги следи трендовите и нејзините фотографии на социјалните мрежи се модна инспирација на многу девојки.
Таа „фура“ младешки, урбан стил, а не ретко можеме да ја забележиме во елегантни тоалети кои се достојни за црвениот килим. Таа на промоцијата на песната на Аца Лукас и Маја Беровиќ носеше тренди фустан од розови пердуви во комбинација со шик сребрени сандали.
Инаку, розовите нијанси оваа сезона важат за еден од најголемите трендови во светот на модата. Тие им се омилени и на многу наши познати дами, па не треба да се изненадите ако и на улиците се почесто почнете да гледате модерни Барбики како се шетаат низ вашиот град.
Откако во 2015 стана хит во светот на модата, најверојатно поради „rose quartz“ нијансата на Ајфонот, оваа боја можеме да ја сретнеме на секаде – од омотите на музичките албуми, постерите на филмовите (сетете се на “The Grand Budapest Hotel”), на фасадите од зградите, мебелот, а посебно на тренди облеката и модните додатоци што можеме да го видиме и од продавниците во Македонија, но и од нашите девојки кои веќе „на големо“ ја носат оваа боја.
Таа стана една од водечките бои на црвените килими на сите фестивали, а доминираше и на последната Мет гала. Ја носат и деловни жени кои и на состаноци одат во розови костуми со строги кроеви, а посебно популарни се и малите розови фустанчиња кои потсетуваат на Фламинго.
Повеќе за овој тренд можете да прочитате тука >>