Ќерката на Цеца БЕЗ ГРАМ шминка на лицето и со трудничкиот стомак во преден план (фото)
Анстасија без грам шминка на лицето покажа како ужива во бременоста
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ ужива во бременоста
Анастасија треба да се породи во септември и да роди девојче, а кое име планира да и го даде на наследничката се уште не е познато.
Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, објави снимка на Инстаграм со која ги воодушеви своите фанови.
Младата пејачка веќе некое време престојува во Шпанија, на Севиља, кај нејзиното момче, фудбалерот Немања Гудељ.
Тие наскоро треба да се остварат во улога на родители, а Анастасија овој пат покажа како ги минува трудничките денови.
За разлика од почетокот на нивната врска, кога Анастасија и Немања многу ретко споделуваа заеднички фотографии, тие сега речиси секојдневно пред своите обожаватели објавуваат моменти од нивниот живот.
Пејачката овој пат се сликаше без трошка шминка на лицето, па го покажа трудничкиот стомак под широкиот бел комбинезон.
Потсетуваме, Анастасија треба да се породи во септември и да роди девојче, а кое име планира да и го даде на наследничката се уште не е познато.
Но она што им е познато на сите е тоа дека Анастасија е разубавена во бременоста и сите се согласни дека никогаш не изгледала поубаво.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм