Реклама
Новости

Ќерката на Цеца, Анастасија, ја потврди најубавата вест – пејачката е пресреќна, ова сите го чекаа (фото)

Преубава вест за нејзините фанови

Реклама

Нејзините фанови со нетрпение го чекаа овој момент

Наследничката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Гудељ, направи пауза од две години од нејзината музичка кариера.

Таа заради љубов и сопругот Немања Гудељ се пресели во Шпанија каде што тој игра фудбал. Тие пред неколку месеци направија интимна венчавка, по склучувањето на граѓанскиот брак, а Анастасија претходно имаше и тежок период кога го изгуби бебето со спонтан абортус.

Маркетинг

По Европското првенство во Фудбал Анастасија и Немања цело лето уживаа на некои од најубавите места во Шпанија, а нивните заеднички фотографии од патувањата ги полнеа медиумите во регионот.

Маркетинг
Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Но откако Немања им се врати на своите клубски обврски, Анастасија реши да и се посвети на својата музичка кариера.

Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Имено, таа се огласи на Инстаграм и ги израдува своите фанови откривајќи дека наскоро ќе издаде нови песни.

Како што самата откри, најпрво ќе излезе еден дует, а потоа најверојатно и една или две нејзини нови песни.

Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

„Многу се радувам да ги споделам новите музички проекти со вас“, напиша Анастасија на својот Инстаграм.

Потсетуваме, Анастасија неодамна сними дует со колешката Елена Китиќ, па сите се нестрпливи да ја слушнат нивната нова песна.

Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Школувањето на Анастасија

Потсетуваме, Анастасија заедно со својот брат Вељко Ражнатовиќ пред да го продолжи школувањето на Кипар одеше во британско училиште.

Таа по средното училиште заврши Бизнис академија во Белград, а во една пригода објасни дека не сака да се фали со факултетот на социјалните мрежи бидејќи е фокусирана на предавањата кога е таму, а не на својот телефон.

Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Таа пред неколку години тргна по стапките на својата мајка и ја започна својата музичка кариера. Објави неколку песни кои брзо станаа хитови, а започна и со настапи во регионот.

Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Но откако ја започна врската со фудбалерот Немања Гудељ, а подоцна и откако се омажи за него, направи пауза.

Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button