Ќерката на Топалко заведе половина од пејачите во „Гранд ѕвезди“ – ќе се изненадите со кои сé фраери беше во врска Хелена
Хелена Топаловиќ, ќерката на фолк пејачот Милан Топалковиќ Топалко, важи за фатална дама за машкиот род.
Посебно за мажите кои се занимаваат со јавна работа.
Имено, убавата Хелен во 2012 беше во врска со колегата на нејзиниот татко Јоца Стефановиќ. Тие и покрај тоа што ја имаа поддршката од Топалко, по една година решија дека не се создадени еден за друг и се разделија.
Како што пишуваа тогаш медиумите, нивните обврски ги разделиле. Пејачот морал да настапува на тезги, а Хелена имала обврски околу училиштето.
Таа тогаш се уште беше средношколка.
Потоа во 2015 се шушкаше дека Хелена е во врска со шармантниот водител Владимир Станојевиќ. Тие ја криеја нивната љубов, а Владимир ја однесе Хелена за време на краткотрајната романса на патување во Италија.
По една година, Хелена заврши повторно во прегратки на еден колега на нејзиниот татко. Во прашање беше Слоба Васиќ, а нивната врска беше бурна и не траеше долго – се разделија по седум месеци.
Како причина за нивната разделба се наведуваше дека Слоба пронашол љубовна преписка на Хелена со друг.
Неколку месеци откако се раздели од Слоба, медумите пишуваа дека Хелена е во врска со уште една Гранд ѕвезда – Милош Вујановиќ, кој денес е среќно оженет со Злата Аранџеловиќ, ќерката на Зорица Брунцлик.
Тие никогаш не ја потврдија оваа врска и тврдеа дека се само пријатели.
Како што пренесуваат српските медиуми, на Хелена очигледно и е преку глава од пејачи, па премина на спортисти.
Хелена сега веќе седум месеци се забавува со познатиот босански тенисер Дамир Џумхур.
Тие се уште ја немаат потврдено оваа врска.
Единствено нешто што ги спојува е што и двајцата објавуваат фотографии направени на исти локации низ светот.
Извор: Pulsonline